Новак Ѓоковиќ емотивно реагираше кога во прес центарот, по освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Париз од новинарите доби подарок фотографија
Станува збор за негова фотографија од Копаоник, кога имал четири години и кога прв пат зел рекет во раката. Тој гест на новинарот го расплака Ѓоковиќ.
I’m not crying! Novak is pic.twitter.com/9d98bOnySo
— Puneet (@TennisPuneet) August 6, 2024
Со освојувањето на златниот медал на Олимписките игри, Ѓоковиќ ги обедини сите титули во тенисот, остварување со кое дефинитивно останува запишан како еден од најдобрите тенисери во историјата на овој спорт.