Нови закани за новинарката Мирослава Симоновска: Те следиме, те сликаме

Новинарката Мирослава Симоновска пријавила дека добила нови закани преку социјалните мрежи од лажен профил, кој се претставувал со нејзиното име.

„Денеска (03.11.) во 01.30 часот во Полициската станица Карпош, М.С.(34) од Скопје вработена како новинар – истражувач, пријавила дека на социјална мрежа и биле упатувани закани од лажен профил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ објави МВР.

Како што објави Рацин.мк, во заканите што Симоновска ги пријавила во полиција, од профил на социјалната мрежа Фејсбук, креиран со нејзино име и презиме, меѓу другото стои и пораката „Те следиме, те сликаме“.

Како што е познато Мирослава Симоновска овие денови е под закани за нејзината работа, поради што таа поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за неовластено снимање од страна на службено лице.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразија сериозна загриженост поради последното прекршување на основните права на новинарката Мирослава Симоновска, поради неовластеното снимање и дистрибуција на видео на кое таа наводно прима документ. 

Мирослава Симоновска е истражувачка новинарка која за својата работа е добитничка на повеќе високи меѓународни домашни награди за новинарство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни