Нови тензии во Ормускиот теснец: САД тврдат едно, Иран демантира

Спротивставени тврдења меѓу САД и Иран за движењето на воени бродови во Ормускиот теснец ја зголемуваат неизвесноста и тензиите на глобалниот енергетски пазар

Неколку воени бродови на САД поминале низ Ормускиот теснец, тврдат американски извори, додека Иран категорично ги негира овие информации, што дополнително ги засилува тензиите во еден од најважните енергетски коридори во светот,

Според американски официјален претставник, операцијата не била координирана со Иран и имала за цел да ја потврди слободата на пловидба во меѓународните води, при што станува збор за прв ваков потег од почетокот на конфликтот кон крајот на февруари,

Од друга страна, иранските власти тврдат дека ниту еден американски брод не го преминал теснецот, додавајќи дека воен брод кој се приближил бил предупреден дека ќе биде нападнат во рок од 30 минути доколку продолжи, по што се повлекол. Според ирански извори, предупредувањето било испратено преку посредници во Пакистан, а движењето на бродот било следено од моментот кога испловил од регионот

Овие спротивставени информации доаѓаат во момент кога во Исламабад веќе започнаа мировни преговори меѓу двете страни, со цел постигнување трајно решение по неодамнешното двонеделно примирје.

Ормускиот теснец, низ кој поминува околу една петтина од светската нафта, останува клучна точка за глобалната економија, а неговото затворање веќе предизвика сериозни нарушувања во снабдувањето со нафта, течен природен гас и други важни ресурси.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе започне процес на расчистување на морските мини во теснецот, со цел да се обезбеди безбедна пловидба за меѓународните бродови, вклучително и оние од Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Франција и Германија.

И покрај најавите за деескалација, ситуацијата во регионот останува кревка, а секој нов потег на терен може директно да влијае врз глобалните пазари и безбедноста на енергетските испораки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни