Нови судири на границата Авганистан–Пакистан: 15 цивили и 6 војници загинаа, над 80 повредени

Во жестоки судири на границата меѓу Авганистан и Пакистан загинаа 15 цивили и 6 паравојници. Над 80 жени и деца се повредени. Талибанците обвинуваат, Пакистан негира.
Пакистан со дронови ја нападна Индија

Најмалку 15 цивили загинаа, а околу 100 се повредени во нови судири на границата помеѓу Авганистан и Пакистан, соопштија денеска авганистански претставници, пренесува агенцијата Бета.

Во авганистанскиот регион Спин Болдак, каде што синоќа избувнаа нови судири, биле употребени минофрлачки гранати.

Според официјални лица од окружната болница во Спин Болдак, меѓу повредените има повеќе од 80 жени и деца.

Портпаролот на талибанската влада, Забихулах Муџахид, ги обвини пакистанските сили дека „повторно“ извршиле напади со „лесно и тешко оружје“ во областа Спин Болдак.

Тој изјави дека бил воспоставен мир откако неколку пакистански војници биле убиени, а нивното оружје запленето.

Пакистан сѐ уште нема официјално коментирано за изјавите, но безбедносни извори од таа земја соопштија дека нивните сили нападнале „непријателски позиции“ во северен Авганистан.

Агенцијата Ројтерс пренесе дека пакистански безбедносни службеници соопштиле дека најмалку шест припадници на паравојската загинале во судир со милитанти во близина на авганистанската граница.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни