Медиумите во Нови Сад јавија дека е извлечено 14-годишно девојче. Според нив, под урнатините спасувачките служби се во контакт и со друго лице.
Како што јави Нова.рс, девојчето бил итно однесено во Клиничкиот центар со возило на Брза помош
Меѓу 14. загинати во несреќата во Нови Сад што беше предизвикана од уривањето на настрешницата на старата зграда на Железничката станица има и еден македонски државјанин.
Српскиот претседател кажа дека очекува лицата кои се одговорни за оваа несреќа брзо да бидат изведени пред органите и да бидат строго казнети.
„Нема ни да се занимавам со оние кои би сакале да се избегаат од одговорност под закрилата на власта. Како претседател на државата, барам од Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, од Владата на Србија, лицата кои се одговорни за ова што се случи да бидат брзо најдени и казнети. Кога ја спомнав Владата, барам и политичка, а пред тоа, се подразбира и кривична одговорност“, рече Вучиќ.
Во Србија утрешниот ден е прогласен за Ден на жалост.