Нови Сад денеска одбележа 16 месеци од падот на надстрешницата од реновираниот објект на Железничката станица, која на 1 ноември 2024 година усмрти 16 лица, со 16-минутно молчење.
Граѓаните се собраа на крстосницата кај Железничката станица и истакнаа голем транспарент „16 минути молчење додека правдата не проговори“.
Учество зедоа и со транспаренти „Да не се повтори“, „Вториот пат умираш кога ќе те заборават – ние паметиме и не простуваме“ и „Последен е часот да не го дадеш својот глас за злосторството“.
Собирот беше организиран по повик на студентите од Универзитетот во Нови Сад.