Нови правила за влез и регистрација во ЕУ: Што значи EES и ETIAS за македонските патници?

Од 12 октомври 2025 година се воведува Entry/Exit System (EES), а ETIAS ќе започне кон крајот на 2026 – дознајте што ќе треба да направите, колку ќе чини и како ќе влијае на македонските граѓани.

Европската Унија воведува нови правила за регистрација и контрола на границите кои значително ќе ги променат процедурите за влез на граѓаните од земјите надвор од ЕУ, меѓу кои е и Северна Македонија. Две клучни системи – EES (Entry/Exit System) и ETIAS (European Travel Information and Authorisation System) – ќе ги заменат или дополнат сегашните мерки, а еве што значи тоа за македонските граѓани.

Што е EES и кога започнува?

EES е дигитален систем за регистрирање на влезовите и излези на трети земји (non‑EU) без визна обврска во Шенген зоната, до 90 дена во период од 180 дена. Од 12 октомври 2025 започнува постепена имплементација на EES. Периодот на постепено воведување ќе трае шест месеци, што значи дека до 10 април 2026 EES ќе биде во целост применет на сите влезови и излези во Шенген зоната.

Како ќе влијае EES на македонските граѓани?

При првото влегување во Шенген земја, македонските патници ќе треба да дадат биометриски податоци — отпечатоци и фотографија. Печати (stamping) во пасошите ќе престанат да се ставаат откако EES е целосно воведен и ќе се користат електронски записи. Регистрацијата ќе се врши автоматски при премин преку граничните премини, а податоците ќе се чуваат дигитално.

Што е ETIAS и од кога ќе важи?

ETIAS е електронно решение за патничко одобрување за оние които патуваат без виза, но од земји со договор за безвизен режим со ЕУ, како што е Македонија. Се очекува ETIAS да започне да се користи кон крајот на 2026 година. Цената за апликација ќе биде 20 евра за лица на возраст помеѓу 18 и 70 години. За лица помали од 18 и постари од 70 години – најавена е можност за ослободување од такса или пониска такса. ETIAS не бара визна обврска, но ќе биде задолжителна пред пат до Шенген земја.

Како да се подготвите?

Осигурете дека вашиот пасош е валиден и нема да истече наскоро, бидејќи ETIAS ќе биде валиден додека важи пасошот (или до 3 години) или до рокот на истекување. При посетата на Шенген земја по 12 октомври 2025, водете сметка за можни кратки понатамошни чекори на границата – биометриски податоци, фотографија, можни нови процедури. Следете информациите од Министерството за внатрешни работи или надлежните органи во Северна Македонија, кои ќе објават упатства и детали за имплементација.

Клучни моментални ограничувања и прашања

Сè уште не е потребно да аплицирате за ETIAS ако патувате пред неговото воведување. Почнувањето на ETIAS ќе следи откако EES ќе биде функцинален. Можни се пречки и забуни на границите во почетниот период додека сите премини не се прилагодат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни