Нови правила за патување во Европа од 12 октомври. Дали сте подготвени?

Од октомври 2025, патниците во ЕУ ќе даваат отисоци и лице за проверка. Новиот систем ќе ја замени рачната проверка на пасоши на границите.

Од 12 октомври 2025 година, Европската унија ќе воведе нов систем за влез и излез (EES), кој ќе ја замени досегашната рачна проверка на пасоши за патниците кои не се од ЕУ.

Новиот систем ќе бара од патниците да регистрираат отисоци од прсти и фотографии од лицето, со цел да се подобри безбедноста, да се откријат прекршувања на дозволениот престој и да се спречи злоупотреба на идентитетот. Иако на почетокот се очекува процесот да трае подолго, автоматизирани гранични премини и самопослужни киосци ќе помогнат да се забрзаат проверките.

Кого го засега овој систем?

Сите патници што не се државјани на ЕУ – вклучително и носители на виза и оние што патуваат без виза – ќе треба да го поминат процесот на дигитална регистрација кога влегуваат или излегуваат од надворешните граници на ЕУ (вклучувајќи ги и Шенген-зоната и други 29 земји).

Кои податоци ќе се собираат?

  • Биометриски податоци (отисоци од прсти и фотографија од лицето)
  • Име и презиме
  • Информации од патната исправа
  • Датум и место на влез или излез
  • Секое одбивање на влез ќе се евидентира дигитално

Зошто се воведува овој систем?

Целта на EES е подобрување на безбедноста, полесно откривање на прекорачен престој, спречување на лажни идентитети и забрзување на граничните проверки за патници кои често патуваат.

Со дигиталната евиденција, граничните службеници ќе имаат поточни и побрзи информации во споредба со сегашното рачно печатирање на пасоши.

Како ќе функционира новиот систем?

Системот ќе започне да се применува постепено од октомври 2025, а целосната имплементација се очекува до април 2026. Оние патници кои прв пат патуваат, ќе мора да ги дадат своите биометриски податоци. Патници кои веќе се регистрирани ќе поминуваат само низ проверка, бидејќи нивните информации ќе бидат зачувани.

Кој го развива системот?

Системот го развива и управува eu-LISA, европската агенција задолжена за ИТ-системи за безбедност и правда. EES е дел од ЕУ иницијативата “Безбедносна Унија”, која има за цел зајакнување на граничната контрола и спречување прекуграничен криминал и тероризам.

Што да очекуваат патниците?

Пред се подолги редови и чекање на почетокот, додека системот се воведува. Автоматски порти и апликации ќе овозможат побрза проверка за патници со биометриски пасоши. Информациите се чуваат само колку што е потребно и согласно со правилата за заштита на податоци

EES беше првпат предложен во 2016 година како дел од „Пакетот за паметни граници“, а официјално беше одобрен од Европскиот парламент и Советот во 2017 година. Според ЕУ функционерите, воведувањето на овој систем е клучен чекор кон побезбедни, но и поефикасни граници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни