Во Националниот парк во Лос Анџелеса избија два нови пожари. Пожарите избувнале во текот на вчерашниот ден на нерамниот терен над лабораторијата на Националната вселенска агенција (NASA), а нивното гасење е во тек, соопштија пожарникарите. Лабораторијата на NASA веќе е затворена поради пожарот во Итон.
Областа во која избил новиот пожар е популарна за планинарење и е во близина на водопадот Милард, пренесува BBC.
Според соопштението на канцеларијата на шерифот на Лос Анџелес, досега во повеќе пожари кои гореа од минатиот вторник во околината на градот, 16 лица загинале, додека се трага за најмалку 16 исчезнати лица.
Како што пренесува Лос Анџелес Тајмс, властите на тој град соопштиле дека во текот на претходната ноќ се уапсени уште 29 лица во зоните на пожарите, вклучувајќи еден осомничен за провала кој бил облечен како пожарникар.
Гувернерот на Калифорнија, Гејвин Њусом, изјави дека во Лос Анџелес пристигнале 72 пожарникари од Мексико кои помагаат во гасењето на пожарите. Пожарникарите продолжуваат да се борат против пожарите во околината на Лос Анџелес, во Пасифик Палисејдс, Итон, Кенет и Хурст.
Пожарите избиле на повеќе локации во вторник, од 10:30 часот по локално време.