Возила од Итната медицинска помош од Клиничката болница во Штип со пожициска придружба и понатаму пристигнуваат во Ургентниот центар на ТОРИЛУЦ во Клиничкиот центар во Скопје.
Од утрово тука се примени 30 тина пациенти и распредени на Хируршките клиники.
Најтешко повредените ае на Клиниката за пластична хирургија каде се третираат изгореници и на КАРИЛ.
Во моментов пред Ургентниот центар има полициски возила, малд дел роднини на повредените, волонтери од Црвен Крст и многу медиуми.
Нема конкретни податоци за состојбата на повредените