Нови податоци од Евростат- Шокантно: 1 од 10 жители на ЕУ се чувствуваат дискриминирани

Иммигрантите, лицата со попреченост и оние во сиромаштија почесто се чувствуваат дискриминирани во ЕУ. Истражувањето на Евростат открива каде, како и колку се засегнати овие групи.

Во 2024 година, 5,9% од граѓаните на ЕУ на возраст од 16 години и постари изјавиле дека се чувствувале дискриминирани при барање сместување. Сепак, оваа бројка се зголемува на 10,1% кај луѓето кои се во ризик од сиромаштија или социјална исклученост, покажуваат најновите податоци на Евростат.

Сличен тренд се забележува и во интеракцијата со јавните служби и административните канцеларии, каде 9,2% од загрозените лица пријавиле дискриминација, за разлика од само 4,2% од оние што не се во ризик од сиромаштија.

Иако дискриминацијата во јавни простори и образовни институции е поретко пријавена, сепак и таму често ја чувствуваат лицата во социјален ризик: 5,7% во јавни простори и 4,4% во образовни установи.

Лицата со попреченост исто така пријавуваат повеќе дискриминација

Во 2024 година, 8,3% од лицата со некаква попреченост изјавиле дека почувствувале дискриминација при барање сместување – што е 1,6 пати повеќе од лицата без попреченост.

Разликата е уште поголема кај контактот со јавни служби:

  • 9,3% од лицата со ограничена функционалност пријавиле дискриминација
  • Ова е 2,3 пати повеќе од лицата без вакви ограничувања (4,1%).

Дискриминација кај лица родени надвор од земјата

Имигрантите се чувствуваат значително повеќе дискриминирани во однос на домородното население.

Минатата година повеќе од 1 од 8 мажи родени во странство пријавиле дискриминација при барање сместување – што е 3,4 пати повеќе од домородни мажи. Речиси 11,6% од жени имигранти пријавиле дискриминација – 2,5 пати повеќе од жените родени во истата земја. 7,9% од жените родени во странство чувствувале дискриминација во јавни простори, во споредба со 3,1% од жените родени локално.

Најголемата разлика во перцепираната дискриминација во јавни простори помеѓу родените дома и во странство се забележува во: Полска, Португалија, Чешка и Италија.

Во овие земји, имигрантите имаат пет пати поголема веројатност да почувствуваат дискриминација во јавноста отколку домородното население.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни