Нови паметни LEGO Star Wars сетови пристигнуваат во март

До март 2026 година на пазарот ќе пристигнат три сетови базирани на хит серијалот, а секој сет ќе доаѓа со LEGO SMART полнач за коцките.

LEGO на саемот CES 2026 во Лас Вегас ја претстави својата нова платформа LEGO „SMART Play“, со што прави голем исчекор во иднината на физичката игра. Оваа технолошки напредна иницијатива, која создава живот за конструкциите од коцкици без потреба од екран, LEGO ја опишува како најзначајна еволуција на својот систем на игра уште од претставувањето на Minifigure во 1978 година.

Технологија која оживува коцкици

Во срцето на новиот систем се наоѓа „SMART коцка“, која, според LEGO, е „покренувана со прилагоден чип“ и е нешто помала од стандардниот LEGO слот.

Оваа супер-коцка содржи повеќе од 20 патентирани иновации, вклучувајќи: сензори, акселерометри, сензор за звук и вграден синтесизатор кој го активира мини звучник

Во комбинација со SMART ознаки и SMART Minifigures, системот реагира во реално време според тоа како децата играат, активирајќи специфични звуци и однесувања зависно од движењето и интеракцијата.

Новите коцкици се полнат безжично со LEGO SMART полнач кој се испорачува со системот.

Најдобрата вест за сите сопственици на постојните LEGO колекции е дека новите SMART коцките се целосно компатибилни со целиот LEGO каталог.

Star Wars отвора нова ера

Данската компанија се здружи со долгогодишниот партнер, франшизата Star Wars, за првиот бран сетови со поддршка за SMART Play.

До март 2026 година на пазарот ќе пристигнат три сетови базирани на хит серијалот, а секој сет ќе доаѓа со LEGO SMART полнач за коцките.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни