Нови отпуштања на Трамп: 500 прекинати работни односи во Агенцијата за глобални медиуми

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп најави укинување на 532 работни места во медиумската агенција задолжена за „Гласот на Америка“ (VOA) и другите странски програми што се финансираат од владата. Веста ја потврди претставничката Кари Лејк.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп најави укинување на 532 работни места во медиумската агенција задолжена за „Гласот на Америка“ (VOA) и другите странски програми што се финансираат од владата. Веста ја потврди претставничката за медиуми Кари Лејк.

Потегот доаѓа само еден ден откако федерален судија ја блокираше нејзината одлука да го разреши извршниот директор на VOA. Судијата Ројс Ламберт оцени дека неговото разрешување би било спротивно на законот и може да се изврши само со одобрение на меѓународниот советодавен одбор.

Лејк објави на социјалните мрежи дека намалувањето на бројот на вработени е чекор кон „подобро функционирање“ на агенцијата и зајакнување на присуството на VOA во странство.

Сепак, дел од вработените реагираа со тужба, предупредувајќи дека нивните колеги ќе останат без плата и бенефиции за само 30 дена.

Во јуни веќе беа испратени известувања за отказ до повеќе од 600 лица, а извршниот директор беше испратен на административно отсуство, заедно со речиси сите вработени во „Гласот на Америка“.

Американската агенција за глобални медиуми, покрај VOA, е надлежна и за Радио Слободна Европа и Азија, како и за Радио Марти што емитува на шпански за Куба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни