Според водечкиот египтолог д-р Захи Хавас, работниците имале слободен ден на секои десет, а за нив се пронајдени и гробници со статуи, алати и хиеоглифи со титули како „надзорник на страната на пирамидата“ и „занаетчија“.
Во тие гробници се пронајдени камени алатки што укажуваат на нивната улога во градењето. Дел од новите натписи се наоѓаат во тешко достапни простории над Кралевата одаја — на само 14 метри висина, до кои треба да се пзачи и ползи низ тесни канали.
Хавас истакна: „Ако овие луѓе биле робови, никогаш немаше да бидат погребани во сенката на пирамидата.“
Откриен е и остатоци од рампа од кал и камења, преку која варовникот од блискиот каменолом бил носен до градилиштето. Доказите потврдуваат дека блоковите биле влечени на дрвени санки преку песок.
На теренот е идентификуван и таканаречен „работнички град“, со пекари, магацини и објекти за подготовка на храна. Анализите покажуваат дека секој ден се колеле по 11 крави и 33 кози за исхрана на околу 10.000 работници.
Во наредната фаза, д-р Хавас ќе внесе робот во т.н. „Голема празнина“ во внатрешноста на пирамидата — мистериозен простор над Големата галерија, откриен во 2017 година. Се надева дека таму ќе ја пронајде долго бараната гробница на фараонот Кеопс.