Според болничките извори, во нападите извршени вчера и денес животите ги загубиле 34 лица, меѓу нив и членовите на екипа на „Ал Џезира“. Израелската војска тврдеше дека нападот бил насочен кон лице за кое постоеле сомнежи дека соработувало со милитантната група Хамас.
Очевидци сведочат дека меѓу жртвите има и деца, а денес војската пукала врз цивили во близина на коридорот Мораг, каде што луѓето се обидувале да преземат помош од пунктовите на Хуманитарната фондација за Газа (GHF).
Од мај, кога започна новиот систем за распределба на помош, во главно копнени напади на израелските сили загинале 1.700 цивили, според податоците на Министерството за здравство на Газа. Во последните 24 часа уште пет Палестинци, меѓу кои и едно дете, починале од глад.
Извор: N1info.rs