Нови ирански напади врз Израел, ОАЕ и Катар

Во меѓувреме, Министерството за одбрана на Катар соопшти дека неговите вооружени сили пресретнале ракети насочени кон земјата

Како што објави Би-Би-Си, Израел, Катар и ОАЕ известуваат за нови ирански ракетни напади врз нивните земји.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека одбранбените системи работат на нивно пресретнување и дека е испратено предупредување до оние во погодените области.

Министерството за одбрана на ОАЕ соопшти дека нивната воздушна одбрана „моментално реагира на дојдовни закани од ракети и беспилотни летала од Иран“. Тие ги замолуваат оние во близина да „се придржуваат до безбедносните упатства“.

Во меѓувреме, Министерството за одбрана на Катар соопшти дека неговите вооружени сили пресретнале ракети насочени кон земјата.

Иако вчера Трамп најави дека „војната е скоро готова“ иранските власти велат дека тие се тие кои ќе кажат кога војната ќе заврши, продолжувајќи со заканите дека блокадата на Ормутскиот теснец ќе продолжи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни