Нови гаражи на Клинички „Мајка Тереза“: Резервирај паркинг преку апликација

До јуни ќе се изградат три нови монтажни катни гаражи на Клинички „Мајка Тереза“. Паркингот ќе може да се резервира и да се плати преку апликација, а онколошките пациенти ќе имаат бесплатен паркинг.

Владата даде зелено светло за изградба на три нови монтажни катни гаражи во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека услугата ќе биде модернизирана: паркингот ќе може да се резервира и наплаќа преку мобилна апликација или со скенирање на Кјуар код од упатот.

Во план се четири видови плаќање за вработени, пациенти или посетители, при што паркингот за пациентите на Клиниката за онкологија ќе биде бесплатен. Очекувањата се дека гаражите ќе бидат готови до јуни, овозможувајќи полесен и поорганизиран пристап до Клиничкиот центар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни