Нови ЕУ правила: Телефоните и таблетите мора да имаат ознака за траење на батеријата

Европската Унија поттикнува поголема транспарентност на технолошките компании кон потрошувачите. Најновиот пропис во таа насока, е тоа што од 20 јуни оваа година, сите паметни телефони и таблети што ќе се продаваат во ЕУ ќе мора да носат нова ознака којашто ќе ги означува и гарантира траењето и ефикасноста на батеријата.

Станува збор за промена поврзана со енергетските ознаки. Регулативата се однесува на сите безжични телефони (и мобилни и фиксни), без разлика дали уредот користи копнена, мобилна или сателитска мрежа, е со или без интернет-врски или работи со помош на апликации од трета страна, а сѐ ова важи и за таблети со екрани со големина меѓу 7 и 17,4 инчи. Новата налепница ќе стои на новите уреди што ќе бидат пуштени на пазарот на 20 јуни и потоа.

Уредите со флексибилни главни екрани – се изземени од ова барање. Исклучок се и телефоните и таблетите коишто се јавуваат на пазарот пред 20 јуни.

Сите уреди опфатени со регулативата мора да исполнуваат пет клучни критериуми за екодизајн. Тоа се: издржливост, траење на батеријата, можна и изводлива поправка, пристап до поправки и софтверска поддршка.

Поподробно: Уредите мора да бидат отпорни на случаен пад и заштитени од прашина и вода. Батериите мора да издржат најмалку 800 циклуси на целосно полнење и празнење додека задржуваат најмалку 80 отсто од нивниот првичен капацитет. Производителите мора да ги понудат клучните резервни делови во рок 5 – 10 работни дена и да ги нудат во период од седум години по завршувањето на продажбата на уредот во ЕУ. Надградбите на софтверскиот систем мора да се достапни најмалку пет години од датумот на завршување на продажбата. Професионалните сервисери мора да имаат недискриминаторски пристап со целиот неопходен софтвер и фирмвер. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни