Нови детали за пожарот во загебскиот Вјесник– повеќе млади лица влегле во зградата пред избувнувањето

Објавено е дека две млади лица се приведени на информативен разговор, бидејќи постои сомневање дека може да имаат сознанија поврзани со пожарот

Зградата на „Вјесник“ изгоре во голем пожар кој избувна во понеделник навечер. Областа околу раскрсницата на Славонска авенија и Савска улица е под специјална регулација на сообраќајот.

Полицијата и пожарникарите и денес се на терен. Пожарникарите имале повеќе интервенции поради ново појавување чад, но влез во зградата сè уште не е дозволен бидејќи стручњаците проценуваат дека е небезбедна.

Поради истата причина, полицијата сè уште не започнала со официјалниот увид. Денес е објавено дека две млади лица се приведени на информативен разговор, бидејќи постои сомневање дека може да имаат сознанија поврзани со пожарот. Според информации добиени од истражните служби, постојат силни индиции дека група од 5–6 млади луѓе успеала незабележано да влезе во зградата пред пожарот.

Истражителите ја прегледале видео-снимките и разговарале со сведоци, со што го стесниле кругот на лица кои се моментално на испитување. Дали станува збор за извршители или само за очевидци – треба да биде утврдено.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни