Марко Чавез е еден од петмината обвинети за смртта од предозирање со кетамин на американскиот актер Метју Пери, а федералниот суд во Лос Анџелес сега му изрече забрана да се занимава со медицина.
Тој е обвинет за завера за нелегална дистрибуција на кетамин, а на слобода останува со платена кауција од 50 илјади долари, пренесува Ројтерс.
Претходно тој потпиша договор со федералните обвинители за признавање на вината, а како дел од тој договор вклучува и одземање на пасошот и работа во полето на медицината.
Адвокатот на Чавез вели дека неговиот клинет се кае за тоа што починал некој кој барал лекарска помош. Другиот лекар обвинет во случајот, Славадор Пласенсија, се изјаснил дека не е виновен, исто како и обвинетата Јасвен Санга, позната како „кралица на кетаминот“, за која властите велат дека му ја продавала дрогата на Пери неколку дена пред неговата смрт.
Пери почина на 54 години во октомври минатата година од акутни последици од предозирање со кетамин и други фактори поради кои изгубил свест и се удавил во својата хидромасажна када.
Извор: Б92