Нови детали во случајот за смртта на Метју Пери, забрана за работа изречена на еден лекар

Околностите околу смртта на популарниот актер Метју Пери и нејзиното целосно разрешување продолжува да ги исполнува таблоидите во САД. Последната вест е дека еден од лекарите обвинет за смртта на актерот добил забрана за лекарска пракса.
Фото: Policy Exchange/Flickr

Марко Чавез е еден од петмината обвинети за смртта од предозирање со кетамин на американскиот актер Метју Пери, а федералниот суд во Лос Анџелес сега му изрече забрана да се занимава со медицина.

Тој е обвинет за завера за нелегална дистрибуција на кетамин, а на слобода останува со платена кауција од 50 илјади долари, пренесува Ројтерс.

Претходно тој потпиша договор со федералните обвинители за признавање на вината, а како дел од тој договор вклучува и одземање на пасошот и работа во полето на медицината.

Адвокатот на Чавез вели дека неговиот клинет се кае за тоа што починал некој кој барал лекарска помош. Другиот лекар обвинет во случајот, Славадор Пласенсија, се изјаснил дека не е виновен, исто како и обвинетата Јасвен Санга, позната како „кралица на кетаминот“, за која властите велат дека му ја продавала дрогата на Пери неколку дена пред неговата смрт.

Пери почина на 54 години во октомври минатата година од акутни последици од предозирање со кетамин и други фактори поради кои изгубил свест и се удавил во својата хидромасажна када.

Извор: Б92

Најново

Последни колумни