Денес можно ново поскапување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на бензинот и дизелот, откако минатата недела горивата веќе значително поскапеа.

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги објави новите цени на бензинот и дизелот во Македонија, а според движењата на светските пазари можно е ново поскапување.

Минатиот понеделник РКЕ одлучи цената на дизелот да се зголеми за 14,5 денари по литар, додека бензините поскапеа за околу пет денари.

Аналитичарите предупредуваат дека притисокот врз цените продолжува поради растот на цената на суровата нафта на светските берзи, како и поради посилниот долар во однос на денарот.

Во изминатата недела пазарите беа дополнително потресени од кризата на Блискиот Исток и блокадата на Ормускиот теснец, што ја турна цената на нафтата над 100 долари за барел.

Од Владата претходно најавија дека, доколку дојде до драстично поскапување на горивата, можно е намалување на ДДВ-то од 18 на 10 проценти, а во краен случај и на 5 проценти, со цел да се ублажи ударот врз граѓаните.

Новите цени на горивата се очекува да бидат објавени во текот на денот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни