Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија донесе нова одлука за цените на горивата. Погледнете колку ќе чинат бензинот, дизелот и мазутот од полноќ.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука за корекција на малопродажните цени на нафтените деривати, со што тие во просек се зголемуваат за 1,24% во однос на одлуката од 16 февруари 2026 година.

Според новата одлука, од полноќ ќе важат следните цени на горивата:

– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 73,50 денари за литар

– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 75,50 денари за литар

– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 69,00 денари за литар

– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе изнесува 68,00 денари за литар

– Мазут М-1 НС ќе се продава по цена од 34,520 денари за килограм

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари по литар, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 1,00 денар по литар. Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 денари по килограм.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни