Нови блокади во Белград

Иницијативата „Мостот останува“ најавува блокади на Бранковиот мост во Белград

Граѓанската иницијатива „Мостот останува“, која се спротивставува на уривањето на Стариот савски мост во Белград, најави денеска получасовна блокада на Бранковиот мост. Настанот е закажан од 11:52 до 12:07 часот, при што присутните со молчење ќе им оддадат почит на загинатите во несреќата во Нови Сад на 1 ноември, кога при пад на настрешница на Железничката станица загинаа 15 лица.

По минутите молк, ќе се обратат професорот Владета Јанковиќ и активистите Аида Ќоровиќ, Мирјана Подолшак и Илија Вучевиќ. Потоа, граѓаните извикувајќи пароли против корупцијата, ќе го најават на тој начин доаѓањето на жителите на Белград на трите моста во Нови Сад во сабота, 1 февруари.

По блокадата, учесниците ќе се упатат кон кампот на Иницијативата „Мостот останува“ кај Стариот савски мост. Организаторите ги повикуваат граѓаните, синдикатите, стручните здруженија, културните и јавните работници, како и граѓанските и политичките организации, заедно да одбележат три месеци теренска борба за зачувување на Стариот савски мост.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни