Тие од вечерашниот протест организиран од граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“, испорачаа нови барања до институциите. Посочуваат дека е потребен видео надзор во Вардариште и 24 часовно физичко обезбедување на депонијата.
Нема да се откажеме од основното човеково право – „Чист воздух и покрај игнорантскиот однос од институциите – порачаа учесниците упатувајќи неколку пораки и барања до власта
Жителите на Аеродром и околните населби гневни. Почнавме да мирисањме на чадено месо. Но, домот ни е тука не планираме да се селиме ниту да запреме во борбата за чиста животна средина.
Од сите страни од градот буквално сме нападнати од смрдеа и отрови. Вардариште, Дрисла, пожари во фабрики. Некој постојано не труе, но државата тоа го дозволува, изјавија дел од учесниците вперувајќи прст во отпадите
Протестите најавија организаторите ќе продолжат се додека надлежните не започнат сериозни акции за контрола и расчистување на депониите.