Празниците се денови во годината кога повеќе зборуваме за храна и обично сакаме трпезите да ни бидат побогати, особено за време на новогодишните и божиќните празници. Новото истражување објавено од Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP) би можело да помогне храната на трпезата да биде поодржлива за нашата планета за време на претстојните празници.
Наоѓање рамнотежа помеѓу вкусните специјалитети што ги очекуваме и фактот дека системите за храна се одговорни за околу 30 проценти од емисиите на стакленички гасови предизвикани од човекот, од кои животинските производи сочинуваат околу 60 проценти од овие емисии. Предвидувањата се дека производството на месо може да се зголеми за 50 отсто до 2050 година.
Ваквите практики, освен што имаат негативно влијание врз климатските промени, го загадуваат воздухот и водата и придонесуваат за губење на биолошката разновидност и деградација на земјиштето, како и губење на неговите хранливи материи.
Истражувањата покажаа дека високиот внес на црвено и преработено месо го зголемува ризикот од дебелина и незаразни болести. Дополнително, некои системи за производство на храна за добитокот се поврзани со зголемен ризик од зоонозни болести, како и со растечкиот проблем на антимикробна отпорност.
Извештајот наречен „Што се готви?“ се занимава со еколошки, здравствени и социјални прашања, како и со благосостојбата на животните, со усвојување на нова алтернативна храна наместо месо и млечни производи.
Фокусот е на три вида алтернативи:
Нови производи од растителна основа, направени од растителни протеини како што се соја, грав или грашок, во комбинација со масти, витамини, минерали и вода.
Одгледувано месо, како вистинско место создадено од клетките на животните кои се одгледувале во биореактори.
Производи добиени со ферментација, вклучително и производи добиени со ферментација на биомаса, кои всушност се храна богата со протеини добиени од одгледување на брзорастечки микроорганизми кои се и основни состојки, како и производи добиени со прецизна ферментација, кои користат микроорганизми за производство состојки, вклучувајќи одредени протеини, вкусови, витамини и масти, кои се додаваат во финалниот прехранбен производ.
Високите емисии особено доаѓаат од одгледувањето говедско месо, имајќи предвид дека за време на варењето на храната, кравите произведуваат метан, стакленички гас кој е значително поопасен од јаглерод диоксидот. Иако понудените алтернативни решенија се потенцијално поодржливи, потребни се дополнителни истражувања и нивно подобрување.
Извор: energetskiportal.rs