Нови 20 хоспитализирани, меѓу нив и тројца пожарникари – Бројот на повредени продолжува да расте

Синоќа, уште 20 повредени лица беа хоспитализирани по трагедијата во Кочани, вклучувајќи тројца пожарникари, што го зголемува вкупниот број на хоспитализирани лица.

По трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, здравствените установи во Скопје и Штип во моментов имаат вкупно 89 хоспитализирани пациенти. Од нив, некои се во стабилна состојба, додека други се со потешки изгореници и труење од токсични гасови, вклучувајќи и пет пожарникари. Во меѓувреме, до сабајлево, 76 пациенти биле испратени на лекување во странство, вклучувајќи и во Србија, Полска, Холандија и Австрија, додека неколку други пациенти се во тек на подготовка за пренос во други земји.

Како што потврди заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, во пожарот загинаа 59 лица, најголем дел од нив на возраст од 14 до 25 години. Владата, во обид да ја спречи паниката и дезинформациите, ја потврди бројката на загинати, истакнувајќи дека се во тек сериозни истраги за да се утврдат сите детали околу оваа катастрофа. Министерот за здравство, Арбен Таравари, истакна дека пациентите кои се примени во болниците во Солун се стабилни, а здравствените тимови од Израел и Чешка активно помагаат во лекувањето.


Дополнително, Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) соопшти дека здружени тимови од различни земји ги прегледуваат и помагаат на сите пациенти, а тие кои се во полесна состојба остануваат на опсервација. За да се ублажи болката на семејствата на настраданите, Владата обезбеди бесплатен превоз и сместување за семејствата кои се во странство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни