Новата реклама на Boss со Бекам прогласена за „најсексапилна кампања на годината“

Во рекламата, Дејвид излегува од автомобил и влегува во својот стан со огромни прозорци низ кои го гледаат сите. На патот до станот се соблекува додека не остане само во Boss боксерки. Се менуваат кадри во кои лежи, тренира, игра билијард… Цело време го гледаат неговите соседи. На крајот се тушира…


Дејвид Бекам е новиот модел на рекламната кампања за долна облека на брендот Boss. 49-годишниот поранешен фудбалер ги покажа своите мускули и така предизвика воздишки кај обожавателките. Многу луѓе ја нарекоа оваа кампања „најсексапилна кампања на годината“, иако беше снимена во јануари. На социјалните мрежи се пишува дека тешко ќе некој ќе може да ја надмине.

Бекам позираше во долна облека, наслонет на ѕид, седејќи на фотелја и под туш.

Во рекламата, Дејвид излегува од автомобил и влегува во својот стан со огромни прозорци низ кои го гледаат сите. На патот до станот се соблекува додека не остане само во Boss боксерки. Се менуваат кадри во кои лежи, тренира, игра билијард… Цело време го гледаат неговите соседи. На крајот се тушира…

Една од фотографиите од кампањата ја објави на својот Инстаграм профил сопругата на Дејвид, Викторија. „Мојот Boss“, напиша таа во описот на објавата.

Најсексапилниот маж
Магазинот People пред 10 години го прогласи Дејвид Бекам за најсексапилен маж.

„Ова е најдобриот момент во мојата кариера, не можам да поверувам“, се нашали тогаш 40-годишниот Дејвид. „Сакам да се заблагодарам на моите родители што ме донесоа на овој свет. И сакам да се заблагодарам на мојот фризер, стилист и Photoshop“, додаде тој.

Дејвид Бекам е еден од најпознатите светски спортисти. Последниот клуб за кој играл е Пари Сен Жермен. Бекам е и поранешен англиски репрезентативец и поранешен капитен на Гордиот Албион.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни