Новата насловна на „Тајм“ ја прикажува Камала Харис како влегува во кадар наместо Бајден

Фото: Time Magazine

Магазинот „Тајм“ е познат по своите одлични насловни страници, а сега тие реагираа на одлуката на претседателот на САД, Џо Бајден да се повлече од претседателската трка. На нивната последна насловна се гледа како потпретседателката Камала Харис влегува во рамката, а како Џо Бајден излегува.

Оваа насловна страница е продолжение од претходна насловна страница на „Тајм“ на која беше прикажан Бајден како почнува да излегува од рамката, пропратено со текст „Паника“. Таа насловна беше пропратена со текст за лошата подготовка на Бајден за претседателската дебата со Доналд Трамп на 27 јуни, настан кој беше каталист за откажувањето на претседателот од изборите.

Бајден вчера напиша на социјалните мрежи дека се повлекува од претседателската трка и соопшти дека ја поддржува неговата потпретседателка, Камала Харис за да го замени на изборите како кандидатка на Демократската партија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни