Новата година пристигна во Нов Зеланд и Австралија со спектакуларни огномети

Повеќе од еден милион луѓе ја дочекаа новата 2025 година покрај пристеништето во Сиднеј и уживаа во спектакуларниот огномет.

Новата година во Сиднеј пристигна со ведро небо и температура од 22 Целзиусови степени.

Претходно во Сиднеј имаше и помал огномет во 21:00 часот со цел и децата да уживаат во огнометите и прославата на новата година.


Новата година два часа порано пристигна во Нов Зеланд, каде што илјадници луѓе уживаа во огнометот и светлосното шоу од највисоката кула во Нов Зеланд, Скај Тауер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни