Новата дрога „Јелоу зуши“ пристигна и во Албанија

Во Албанија почна да циркулира нова дрога наречена „Јелоу зуши“ (Yellow Zushi). Станува збор за моќен вид на канабис, кој се произведува во затворени средини преку ламби.

„Оваа дрога се продава по цени што почнуваат од 50 евра за грам, додека нејзиното дејство е многу посилно од обичниот канабис, поради високиот процент на ТХЦ. Специфичноста на дрогата е што и се додаваат ароми на егзотични овошја“.

Оваа дрога одамна е присутна во земјите на Европската Унија како што се Италија и Шпанија, каде што се одгледува и тргува, додека во Албанија, таа пристигнува од Тајланд.

На аеродромот во Тирана пред неколку дена беше уапсен 39-годишен албански државјанин, кој пристигнал од Тајланд, откако се обидел да прошверцува повеќе 19 килограми „Јелоу зуши“.

„Јелоу зуши“ е најновото име на долгата листа на наркотични супстанции кои се користат во Албанија. Некогаш постоеше хашишот од Лазарат, потоа се појавија кристали, таблети, а сега и увезени дроги кои доаѓаат на пазарот како луксузни стоки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни