Новата драмска серија на Нетфликс „Forever“ гледачите ја нарекуваат совршена

Гледачите ја пофалија емотивната длабочина и визуелниот идентитет на серијата, велејќи дека биле „веднаш навлечени“. Критиките се исклучително позитивни – речиси совршена оценка на Rotten Tomatoes, а на IMDb има рејтинг од 7.5, пренесува Index.hr.

Серијата е базирана на истоимениот роман на Џуди Блум, кој е екранизиран дури 50 години по објавувањето. Приказната ги следи средношколците Кејша и Џастин, кои се заљубуваат и се обидуваат да ја одржат својата врска и покрај притисоците од семејството и општеството. Улогите ги толкуваат Лови Сајмон и Мајкл Купер Џуниор.

Креаторка на серијата е Мара Брок Акил (Being Mary Jane), која изјави:
„Џуди Блум го обликуваше мојот глас како писателка. Чест ми е да ја пренесам нејзината приказна на новата генерација.“

И самата авторка на романот е воодушевена:
„Многу ми значи што оваа љубовна приказна и по 50 години сè уште допира до публиката.“

Серијата е снимана во Лос Анџелес, а Брок Акил сакала да го прикаже градот како метафора за љубовта и потрагата по сопствено место во светот.

На социјалните мрежи, гледачите ја нарекоа серијата „совршена во секој поглед“, пофалувајќи ја музиката, хемијата меѓу актерите и визуелната привлечност.
„Бев навлечен уште во првите пет минути“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Прекрасно реализирано и вреди да се гледа.“

Нетфликс сè уште не ја потврдил втората сезона, бидејќи првата беше објавена дури на 8 мај, но интересот кај публиката јасно покажува колку е посакувана.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни