Новак Ѓоковиќ на оригинален начин им посака среќна Нова година на навивачите (ВИДЕО)

Додека интензивно се подготвува за почетокот на новата сезона и првиот голем тест на Australian Open, Новак Ѓоковиќ во добро расположение ја дочека 2026 година.

Најуспешниот тенисер во историјата моментално престојува во Дубаи, каде новогодишните празници ги искористи за да се обрати до навивачите ширум светот преку социјалните мрежи. Со кратка, но впечатлива порака, Новак им посака успешна година на сите.

https://www.instagram.com/djokernole/?utm_source=ig_embed&ig_rid=d0d79a4e-ac28-455e-bcf5-a0d4656f0ab7

„Ви посакувам епска 2026“, напиша Ѓоковиќ.

Посебно внимание привлече фактот што честитката ја упати на повеќе јазици – меѓу нив грчки, шпански, англиски, италијански, руски, германски, португалски, а, секако, и на српски, со што уште еднаш го истакна глобалниот карактер на својата личност и кариера.

Додека се одбројува до почетокот на новата тениска сезона, оптимизмот и позитивната енергија на Ѓоковиќ испраќаат јасна порака – тој е подготвен за нови предизвици и уште една година во која ќе го следи најголемиот успех на светската сцена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни