Новак Џоковиќ од Австралија Опен порача: Студентите ја имаат мојата поддршка

Кога се случуваат трагедии како Рибникар или Нови Сад и сето ова што се случува во последните неколку години, тогаш се останато вклучително и спортот и ова што јас го работам паѓа во сенка и неважно е во споредба со човечкиот живот и на борбата за некои елементарни права.

„Иако сум во Австралија, ги следам случувањата во Србија и не можам да се преправам дека ништо не се случува“ , изјави Новак Џоковиќ во краткото интервју од тенискиот турнир во Австралија.

„Ме погодуваат работите кои се случуваат, особено она што се случи пред некој ден, со Соња. Се надевам дека таа брзо ќе закрепне и ќе се врати дома. Но, тоа за жал не е единствена ситуација на насилство врз студентите и младите луѓе. И тоа е еден голем пораз за нас како општество. Така да, мојата поддршка секогаш ќе биде за младите луѓе и за студентите. Јас се трудам да бидам добар амбасадор на Србија во светот долг низ години, но кога некои такви работи се случуваат, такви трагедии како Рибникар или Нови Сад и сето ова што се случува во последните неколку години, тогаш се останато вклучително и спортот и ова што јас го работам паѓа во сенка и неважно е во споредба со човечкиот живот и на борбата за некои елементарни права.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни