Нова железничка несреќа во Шпанија: Воз излета од шините кај Барселона, загина машиновозач

Нова железничка трагедија во Шпанија: приградски воз излета од шините кај Барселона, загина машиновозач, а 20 лица се повредени. Несреќата доаѓа само два дена по катастрофата кај Кордоба.
epa12661344 A screen grab from a video made available by the Spanish Civil Guard shows agents gathering evidence at the site of the wreckage where, on 18 January 2026, at least 39 people died after a high-speed train carrying more than 300 passengers derailed and collided with another train traveling in the opposite direction on an adjacent track near the town of Adamuz, Cordoba, Spain, 19 January 2026. EPA/GUARDIA CIVIL HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALESHANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Уште една тешка железничка несреќа ја потресе Шпанија. Приградски воз излета од шините во близина на Барселона, при што загина машиновозачот, а најмалку 20 лица се повредени, од кои четворица се во критична состојба, соопшти шпанската полиција.

Според службите за итни интервенции, несреќата се случила откако заштитен ѕид се урнал врз железничката пруга, по што возот не можел да запре навреме и излетал од шините. Инцидентот се случил на приградска линија во близина на местото Гелида, во каталонската покраина.

Шпанскиот весник El Pais јавува дека првичните наоди од истрагата укажуваат на тоа дека обилните врнежи од дожд во последните денови можеби ја ослабнале инфраструктурата и довеле до уривање на ѕидот. Сообраќајот на таа железничка линија е целосно прекинат, а патниците се евакуирани.

Истиот ден, уште еден воз излета од шините во Каталонија, овојпат во близина на Жирона, откако камења паднале на пругата поради силна бура. Во тој инцидент нема повредени.

Оваа несреќа се случува само 48 часа по катастрофалниот судир на два воза кај Кордоба, во кој животот го загубија најмалку 41 лице. Спасувачките екипи и понатаму работат на расчистување на остатоците од вагоните, а властите предупредуваат дека конечниот број жртви сè уште не е утврден.

Шпанската влада најави дополнителни безбедносни проверки на железничката инфраструктура, особено на линиите погодени од лоши временски услови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни