Нова вселенска трка: Русија ги лансира „Rasvet“ – почнува ли битка за орбитата со „Starlink“?

Русија лансираше 16 сателити „Rasvet“ како конкуренција на Starlink, што повторно ја отвора дебатата за можна милитаризација на вселената и технолошка трка меѓу САД и Русија.

Русија ја засилува својата позиција во вселенската технологија со лансирање на првите 16 сателити од проектот „Rasvet“, систем кој се гледа како потенцијална алтернатива на глобалната сателитска мрежа Starlink.

Иако бројчано далеку заостанува зад илјадниците сателити на американскиот систем, од Москва тврдат дека „Rasvet“ ќе има технолошки предности, вклучително работа на повисока орбита, подобра заштита и напреден ласерски систем за пренос на податоци.

Вселената како ново бојно поле?

Експерти за безбедност предупредуваат дека развојот на вакви системи сè повеќе ја поместува геополитичката конкуренција во орбитата.

„Starlink“ веќе се користи и во воени операции преку соработка со Пентагон, додека руските сателити се насочени кон обезбедување подобар надзор, комуникации и поддршка на воени системи и беспилотни летала.

Според аналитичарите, ова отвора прашање дали идните конфликти ќе се пренесат и надвор од Земјата – во вселената.

Воена технологија и нова глобална трка

Дел од експертите истакнуваат дека и САД и Русија веќе развиваат технологии за неутрализација на сателити, вклучително системи способни да пресретнат или уништат објекти во ниска орбита.

Ова дополнително ја засилува загриженоста дека вселената станува нова стратешка зона, каде контролата врз орбитата може да значи и предност на бојното поле на Земјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни