Нова студија покажува дека улиците се побезбедни со асфалтна уметност

Џенет Садик-Кан, поранешен комесар на Одделот за транспорт во Њујорк и Кејт Д. Левин, поранешен комесар на Одделот за културни прашања во Њујорк, се советници во Bloomberg Associates кои ја покренаа иницијативата за сликање на асфалт.

Бидејќи смртните случаи на пешаци го достигнaa највисокото ниво во последните 40 години во Соединетите Држави, Одделот за транспорт направи позитивен потег во декември: тие официјално ги признаа уметничките проекти за асфалт како дел од алатките за дизајнирање на  патишта во градовите. Ова значи дека градовите сега имаат одобрение од властите да користат креативни дизајни на нивните улици, што ги прави визуелно привлечни, а истовремено ја подобруваат и функционалноста.

Уметничките проекти за сликање на асфалт, кои вклучуваат соработка помеѓу градовите и уметниците, станаа сè попопуларни во изминатата деценија. Градовите како Њујорк, Сиетл и Портланд, Орегон, заедно со организациите како Националната асоцијација на службеници за градски транспорт и фирми како Street Plans, одиграа клучна улога во нивната промоција. Овие проекти нудат улични дизајни кои ги поттикнуваат возачите да ја забават брзината, ги прават попривлечни местата за пешачење a воспоставуваат и нови локални знаменитости. Тие, исто така, можат да помогнат во проширувањето на тротоарите без големо копање на улиците, со што ќе се врати просторот за јавна употреба и ќе се подобри севкупната безбедност на улиците.

За општините да се заинтересираат за спроведување на овие проекти, Bloomberg Philanthropies го објави Уметничкиот водич за асфалт во 2019 година и ја започна иницијативата за уметност за асфалт (ААИ). ААИ обезбеди грантови за 90 проекти во градови низ Соединетите Американски Држави и ширум светот, овозможувајќи им да развијат и оценат свои визуелно привлечни иницијативи за дизајн на улици.

Локалните службеници сè повеќе ги поддржуваат проектите за улична уметност. Тие често ги одобруваа овие проекти кога вклучуваа докажани безбедносни карактеристики како што се обоени екстензии на рабовите и стеснување на коловозните ленти. Bloomberg Philanthropies, заедно со Sam Schwartz Consulting и Street Plans, спроведоа студија на 17 завршени проекти водени од уметноста и проекти кои се завшени со помош на грантови. Според студијата има 50 отсто намалување на сообраќајните несреќи во кои учествуваат пешаци и велосипедисти, а исто и 27 отсто зголемување на бројот на возачи кои ги пуштаат пешаците да поминат.

Во новите прирачници за овој проект има многу простор за подобрување, особено во однос на дизајнирање улици за да се спречи брзото возење и да се промовира велосипедската и пешачката инфраструктура, тие претставуваат значаен чекор напред за креативните проекти како што е уметноста на асфалтот. Очекувањата се дека се повеќе градови ќе бидат креативни и ќе почнат да ја практикуваат уметноста на асфалт  а тоа ќе помогне во борбата со кризата со сообраќајни несреќи.

Извор: https://www.washingtonpost.com/opinions/2024/01/29/asphalt-art-safe-streets-pedestrian/

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни