Нова студија ја истакна важноста на социјалните мрежи за лица над 50 години

Истражувањето, кое го анализирало повеќе од 87.500 возрасни, исто така укажува дека може да го зголеми општото задоволство од животот. Корисниците на интернет исто така, во просек, го оцениле своето здравје за 15 проценти подобро од своите колеги кои не користат интернет.

Веројатно сте слушнале дека поминувањето време на интернет не е толку добро за вашето ментално здравје. Меѓутоа, новата студија би можела да го промени тоа – таа укажува на тоа дека времето поминато на социјалните мрежи може да им помогне на возрасните над 50 години да ги намалат симптомите на депресија за околу девет проценти.

Истражувањето, кое го анализирало повеќе од 87.500 возрасни, исто така укажува дека може да го зголеми општото задоволство од животот. Корисниците на интернет исто така, во просек, го оцениле своето здравје за 15 проценти подобро од своите колеги кои не користат интернет.

„Луѓето во подоцнежна возраст, кои често се соочуваат со ограничувања во мобилноста и активностите, користењето на интернет им нуди драгоцена можност и алтернатива за пристап до информации за здравјето, и претставува важен канал за социјални врски и онлајн забава“, напишале коавторите во студијата.

Тие додаваат дека „преку надминување на социјалните и просторните бариери, користењето на интернет може да ги олесни врските со семејството и пријателите и да ги прошири социјалните мрежи меѓу средовечни и постари возрасни лица“.

Студијата, објавена во списанието Nature, ги анализирала интернет навиките на индивидуи од 23 земји, кои известувале за фреквенцијата и природата на нивната употреба. Потоа, истражувачите разгледале како овие навики влијаат на симптомите на депресија и задоволството од животот на учесниците.
Возрасни лица од САД, Велика Британија и Кина доживеале најпозитивни ефекти. Придобивките исто така биле силни за корисниците над 65 години, кои не биле во брак и инаку имале понизок ниво на социјални контакти. Во земји како што се Кина, САД и Велика Британија, возрасните кои почесто го користеле интернетот имале подобро ментално здравје.

„Овие придобивки биле конзистентни во различни земји, нагласувајќи го потенцијалот на интернетот како алатка за глобално подобрување на менталното здравје“, изјави д-р Кингпенг Цанг, коавтор на студијата за BBC Science Focus.

Иако податоците од студијата не откриле информации за потенцијалните негативни ефекти на интернетот врз менталното здравје, некои стручњаци тврдат дека тоа е меч со две острици.

„Не треба да ја гледаме целата употреба на интернетот како хомоген ефект. Сакам да го гледам интернетот како алатка која, ако се користи на соодветен начин и умерено, може да помогне во поврзувањето на луѓето со други, но не може да ја замени значајната интеракција во живо која е толку важна за намалување на осаменоста“, вели професорката Андреа Вигфилд, директорка на Центарот за студии на осаменост, која не била вклучена во истражувањето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни