Нова сликовница од Артконект објавена во рамки на програмата Креативна Европа

Јарињата Брусе одат на училиште од Бјорн Ф. Рорвик и Гри Моурсунд е прекрасна сликовница за деца која се потпира на една стара народна приказна за трите јариња, но магијата на Рорвик и Моурсунд се состои во тоа што тие ја преобликуваат бајката и ѝ даваат нов живот.

Авторот Рорвик во едно интервју вели:

„Сметам дека една сликовница богата со илустрации е совршен начин да се научи еден јазик, да го научите вашиот мајчин јазик кога сте дете, бидејќи постојано запирате и прашувате: „Ах, каде е тој?“ или „Што прават?“, или доаѓате до прашања како: „Што се случува?“, „Што е сега ова?“, и можете да ги коментирате илустрациите. На тој начин размислувате со своја глава и ги артикулирате вашите мисли. Тоа, на некој начин е јазична вежба, а тоа е позитивиот ефект. Поттикнат си да создаваш реченици, ги дискутираш работите на свој начин, а тоа е нешто што не го правите при гледање филм или играње видеоигра.“

(извор: katzemitbuch.de)

Јарињата Брусе одат на училиште е дел од серија сликовници за јарињата Брусе, од кои издавачката куќа Артконект досега ја има издадено и многу наградуваната Јарињата Брусе одат на базен. Преводот на двете книги од норвешки е на Јасминка Марковска.

Оваа книга е објавена во рамки на проектот „Соочување со неизвесноста: современа европска литература“ што издавачката куќа Артконект го реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни