Нова саботажа на ЛОИ: Пресечени каблите за интернет низ Франција

Фото: Donald Trung, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Интернет каблите во Франција биле пресечни во акт на саботажа, предизвикувајќи прекини во интернетот низ целата држава. Ова е втора саботажа за време на Олимписките игри во Париз, откако на денот на отворањето возовите околу Париз беа цел на серија на напади со предизвикување пожар.

Марина Ферари, од Министерството за дигитални работи на Франција рече дека на повеќе локации низ Франција биле забележани оштетувања на оптичките кабли кои влијаеле за интернет поврзаноста на повеќе телекомуникациски оператори.

Засега никој нема преземено одговорност за двете саботажи, а и властите се уште немаат осомничени за оштетените кабли, додека за саботажата на возовите ги обвинија крајно-левите политички групи.

Инцидентите околу Олимписките игри се во период кога Русија е обвинета за серија дезинформации во кои се таргетира Франција.

Иако милијарди луѓе во светот користат бежични конекции, сепак основата на интернетот е составена од кабли кои патуваат помеѓу држави и под мориња. Оваа инфраструктура, која може автоматски да пренасочува сообраќај за да се намалат прекините, сепак е подложна на напади и прекини. Политичарите во ЕУ подолго време повикуваат на зајакнување на безбедноста за инфраструктурата за интернет.

Оваа саботажа не е прв пат да бидат оштетувани интернет кабли во Франција во намерни акти. На крајот на април 2022 година, главните кабли за интернет околу Париз беа намерно пресечени и оптетени, предизвикувајќи прекини и проблеми за десет интернет компании.

Извор: Wired

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни