Башевски, покрај своите романи, раскази и книги есеи, досега има објавено и неколку поетски збирки, од кои некои се преведени и објавени на повеќе европски јазици. Неговата поезија добила високи книжевни признанија, а во 2023 година, книгата „Дни, години“ ја освои најпрестижната поетска награда во Македонија – „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата. Меѓу останатите награди кои ги има добиено во својата кариера се и државната награда „11 Октомври“, „Рациново признание“, наградата „Роман на годината“ и државната награда „Св. Климент Охридски“ за долгогодишни книжевни остварувања.
„Црни букви на црвено“ доаѓа во зрелата творечка фаза на Башевски и ја задржува карактеристичната длабочина и изразна сила на неговата поезија. Многу критичари ја истакнуваат неговата способност да создаде поезија што е ангажирана, промислена и лирски моќна.
Како што истакнува литературниот критичар Петар Т. Бошковски во своето дело „Премрежето на критиката“, поезијата на Башевски е „убедлив уметнички факт за важењето на геслото за поезијата како говор ‘за крупни нешта со моќен глас’ постулирано од Блаже Конески“.
Новата книга на Башевски, „Црни букви на црвено“, е уште еден доказ за неговиот неспорен талент и неговиот значаен придонес во современата македонска книжевност.