Нова песна на Љубојна во дует со Бранислав Николов – Врати ми ја тишината 

во пресрет на концертот, Љубојна ја претставува својата нова песна – „Врати ми ја Тишината”, во дует со Бранислав Николов

Еден од најзначајните македонски музички брендови, Љубојна годинава прославува јубилејни 25 години постоење со голем концерт кој ќе се одржи на 29 март во македонската Филхармонија, а во пресрет на концертот, групата ја претставува својата нова песна – „Врати ми ја Тишината”, во дует со Бранислав Николов.

Песната во придружба на видео е објавена денес и е достапна на следниот линк: 

„Врати ми ја тишината” е инспирирана од музичката тема „Танго за тројца” во соработка и дружба со Фолтин. Видеоклипот е документиран во живо на сесиите во Studio Wave и во „Театар Комедија”.

Музиката и аранжманот се на Оливер Јосифовски, текстот е на Сашо Димоски. Вокалната изведба е дует на Вера Милошевска-Јосифовска и Бранислав Николов, а музичарите се: Оливер Јосифовски (акустична и бас гитара), Бојан Петков (укулеле) и Александар Секуловски (удиралки).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни