Нова одлука властите во Милано: Домашните миленици ќе можат да бидат погребани покрај својот сопственик

„По волја на починатиот или неговите наследници, кучиња, мачки, глодари, птици, риби,зајци, хрчаци и сите други животни кои се чуваат како миленици, може да бидат погребани на миланските гробишта покрај своите сопственици“, наведено е во одлуката на Градската управа, пренесува.

Општина Милано утврди услови и постапка за поднесување на барање за погребување на домашни миленици заедно со сопственикот.

„По волја на починатиот или неговите наследници, кучиња, мачки, глодари, птици, риби,зајци, хрчаци и сите други животни кои се чуваат како миленици, може да бидат погребани на миланските гробишта покрај своите сопственици“, наведено е во одлуката на Градската управа, пренесува.

Меѓутоа, на надгробната плоча или семејната гробница забрането е поставување какви било натписи кои се однесуваат на домашниот љубимец и нивни фотографии.

Сепак, дозволена е фотографија од починатиот заедно со неговиот љубимец.

„Погребот на домашните миленици на градските гробишта е чин човечности кој многу луѓе го чекаа. Знаеме како денес, сè повеќе луѓе воспоставуваат посебен однос со своите миленици на ниво на близок член на семејството. Сознанието дека можат да почиваат покрај нив, гарантирајќи им достоен погреб, дефинитивно е иницијатива на големо внимание и чувствителност која им дава олеснување на оние кои ги сакаат животните и кои го делат животот со нив“, изјави советникот Ѓаја Романи.

Секое менување кое се однесува на посмртните останки на починатиот сопственик на животното исто така ќе вклучува преместување на пепелта на домашниот миленик, додаваат од локалните власти.

Во случај новата локација да не може да ги прифати заедно, за останките на животното ќе треба да се погрижат роднини на починатото лице.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни