Иако новата облека често изгледа чисто и безбедно, експертите предупредуваат дека таа може да содржи остатоци од хемикалии, бои и микроорганизми кои се користат во процесот на производство и транспорт.
Хемичарите посочуваат дека текстилот често се третира со супстанции за да изгледа поцврсто, посјајно и да не се тутка за време на складирање и продажба. Тие хемикалии можат да предизвикаат иритации на кожата, алергиски реакции, па дури и инфекции, особено кај лица со чувствителна кожа, деца и бебиња.
Дополнителен ризик претставува и фактот што облеката минува низ многу раце – од фабрики, магацини и продавници – што ја прави потенцијален носител на бактерии.
Експертите затоа препорачуваат секогаш да се пере новата облека пред првото носење, со цел да се отстранат штетните материи и да се намали ризикот по здравјето.
