Манчевски, чиј филм „Пред дождот“ е номиниран за Оскар, ја искористи оваа можност за да ја изрази својата поддршка за платформата #Терапија, која се залага за зачувување и оживување на македонското културно наследство. Во негови зборови, ова е една од најдобрите иницијативи која го трасира патот кон зачувување на македонската автентичност.
Видео-материјалот од настанот, создаден со објективот на Манчевски, ќе послужи како благодарност за актерите Игор Џамбазов, Камка Тоциновски и Тони Михајловски, како и за DJ артистите Ивана Драгшиќ и Александар Гроздановски – HERZEL, кои беа дел од оваа инспиративна вечер.
„Нова надеж“ не само што го одбележа значењето на Спомен-костурницата, туку и ја постави насоката за иднината – со многу креативност, мултимедијалност и заштита на македонското културно наследство.