Дурловски, во придружба на Оркестарот на Филхармонија ќе ги изведе “Шест едноставни песни за сопран и оркестар” од Ерих Корнголд. На програмата се и симфонијата “Манфред” од П.И. Чајковски и премиерна изведба на увертира од домашен автор.
На 17 октомври како солист ќе настапи реномираниот француски пијанист Лука Дебарг кој ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар оп.11 во е- мол. На програмата се и Симфонија во три става и суита од балетот “Жар птица” од Игор Стравински.
Кулминацијата на оваа славеничка сезона ќе биде на 28 ноември со концертот „80 години љубов“, на кој солист ќе биде македонскиот пијанист со светска кариера Симон Трпчески. Трпчески ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар во а- мол од Едвард Григ. На програмата се и Симфонијата бр. 1 “Титан” од Густав Малер и премиерна изведба на увертира од домашен автор.