Нова кампања на министерството за здравство на Грција: „Нема бензин, ако не носиш кацига“

„Нема бензин, ако не носиш кацига“ е новата кампања за безбедност во сообраќајот на возачите на мотори и заштита на човечките животи на Министерството за здравство на Грција во соработка со Министерството за развој и Федерацијата на сопственици на бензински пумпи.

Иницијативата доаѓа по сообраќајна несреќа на Крит, во која животот го загуби 17-годишен возач, а веднаш потоа сопственик на бензинска пумпа на островот соопшти дека нема да точи гориво на мотоциклисти кои не носат кациги и ги повика сите колеги да го следат неговиот пример.


Министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис денеска се сретна со претседателот и претставници на Федерацијата на сопственици на бензински пумпи со цел да помогнат во конкретната кампања. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни