Нова година под снег: Ладен бран и снежна новогодишна ноќ во Македонија

Во Скопје и околината се очекуваат послаби снежни врнежи, проследени со повремено засилен северен ветер. Температурите ќе бидат ниски, што ќе придонесе снегот да се задржи и во пониските делови.

Новогодишната ноќ и првиот ден од 2026 година ќе поминат во знакот на изразено ладно време и врнежи од снег, покажуваат најновите ажурирани прогностички материјали. Македонија ќе биде под влијание на силен ладен бран од север, кој ќе донесе засилен северен ветер и значителен пад на температурите.

Снег за Нова година, најмногу на запад

Врнежите за време на новогодишната ноќ ќе бидат претежно од снег, а најобилни се очекуваат во западните предели од земјата. Освен на планините и повисоките места, помала снежна покривка ќе се формира и во повеќето градови, особено во западна Македонија.

Скопје со слаб снег и засилен ветер

Во Скопје и околината се очекуваат послаби снежни врнежи, проследени со повремено засилен северен ветер. Температурите ќе бидат ниски, што ќе придонесе снегот да се задржи и во пониските делови.

Викендов сув студ и силен ветер

За време на викендот, Македонија ќе биде под влијание на сув, но многу ладен бран од североисток. Времето ќе биде ведро и сончево, но многу ветровито, особено во недела (28 декември), кога во Повардарието и југоисточните делови ветерот ќе надминува 70 км/час.

Утринските температури ќе се движат од -7 до 1 степен, а дневните од 3 до 10 степени. Уште постудено утро се очекува во понеделник (29 декември), кога температурите насекаде ќе бидат под нулата, а на планините и под -10 степени.

Се очекуваат нови ажурирања на метеоролошките модели, па можно е прогнозата да претрпи измени. Се препорачува граѓаните редовно да ги следат најновите метео анализи за точните услови за новогодишната ноќ и почетокот на 2026 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни