Нова година дочекана во Јапонија, Северна и Јужна Кореја

Во многу делови од Токио организирaниот пречек беше откажан поради безбедносни причини

Новата 2026 година беше пречекана во Јапонија, Северна и Јужна Кореја во 16 часот по средноевропско време, а во многу делови од Токио организирaниот пречек беше откажан поради безбедносни причини.

Според „Гардијан“, јавните дочеци се откажуваат шеста година по ред.

Дочекот беше откажан, меѓу другото, на главната железничка станица во Шибуја. Дочекот во Сеул беше организиран на плоштадот Гвангвамун, со огномет и светлосно шоу.

Новата година беше дочекана во 13 часот по средноевропско време на источниот брег на Австралија, со огномет во Сиднеј во близина на операта, во Мелбурн и во други градови.

Еден час пред Австралија, Нов Зеланд ја пречека Новата година во 12 часот по средноевропско време со огномет и прослави низ целата земја.

Пред Нов Зеланд, Новата година пристигна на пацифичките острови Самоа, Тонга, Маршалските Острови, Фиџи, Тувалу, Киритимати (Велигденски Острови), каде што жителите ја дочекаа 2026 година претежно на плажа или на плажни барови.

Кај нив, поради временската зона, Новата година пристигна во 11 часот по средноевропско време.

Потребни се 26 часа за целата планета да влезе во новата 2026 година, па Бразил (04:00 CET), Њујорк (06:00) и Лос Анџелес (09:00) ќе бидат последните што ќе ја дочекаат Новата година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни