„Нова енергетска визија за Битола“

Во понеделник на 10 јуни со почеток од 11 часот, МКЦ-Битола во соработка со Еко-свест на малото плато пред Europe House Bitola (Офицерски дом), ќе го организира настанот „Нова енергетска визја за Битола.“

Настанот ќе биде составен од три компоненти:


Саем за презентација на ученички тимови на млади од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ ‒ Битола кои ќе се претстават со изработки – прототипови на модели , потоа изложба на технилки илустрации за креативно изразување на млади од Битола и битолскиот регион на теми поврзани со производството, дистрибуцијата, складирањето или искористувањето на енергијата и Симулација на кафетерија „Визија кафе“ со импровизиран кафе-бар каде што посетителите ќе можат да си нарачаат кафе преку посебно креирано мени.

„Идејата на самиот настан е промовирање на нови иновативни форми на еколошка едукација и активизам кај локалната заедница. Конкретно идејата е насочена кон претставување на еколошките проблеми од работата на термоцентралите и од фосилните горива и истовремено зголемување на свесноста од штетните последици врз животот на луѓето и животната средина, како и предлагање на решенија и инвестиции за надминување на оваа состојба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни